Поради него го продадоа Џеко, а сега тренира со четвртолигаш


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Вилфрид Бони, напаѓачот кој Манчестер сити пред четири години го купи за 32 милиони евра од Свонси, целосно разочара, па денеска е без клуб и тренира со четвртолигашот Њупорт.

Бон во Сити, од кој Един Џеко го „избрка“ во Рома, одигра само сезона ипол, а притоа настапи на 46 меча и постигна 11 гола. Потоа беше на позајмица во Стоук, кадешто постигна два гола, а потоа се врати во Свонси за 13 милиони евра.

„Прекрасно е чувството да имате ваков фудбалер во екипата. Се труди на тренинзи и тој е вистински професионалец“, порача тренерот на Њупорт, Мајк Флин.