Манчестер Јунајтед остана без еден од играчите со најдолг стаж во клубот


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Манчестер Јунајтед потврдија дека младиот голман, Џоел Кастро Переира следната сезона ќе ја продолжи воредовите на Хартс.

23 годишниот португалски голман ќе игра во шкотскиот клуб како позајмен фудбалер од Манчестер Јунајтед.

Переира важи за еден од играчите со најдолг стаж во Манчестер Јунајтед затоа што во клубот е од 2012 година, а со сениорите повремено е од 2015 година. Од тогаш навака Переира одел на многу позајмици, а Хартс ќе биде негов петти клуб каде ќе настапува како позајмен играч.