Нов проблем за Солскјер: Конфликт меѓу двајца играчи на еден од последните тренинзи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Јунајтед со високи 4:0 го совлада Челси и на убедлив начин ја отвори новата сезона во Премиер лигата.

Солскјер беше задоволен по победата, но само еден ден по истата на еден од тренинзите се случил немил инцидент.

Имено, дошло до расправија помеѓу Алексис Санчез и Мејсон Гринвуд. Младиот фудбалер стартувал малку поостро врз недоволно заздравениот Алексис кој бурно реагирал и му се нафрлил на најголемиот талент на „ѓаволите“.

Инцидентот го налутил Солскјер кој застанал во одбрана на Гринвуд, па му порачал на Санчез дека да си замине од клубот, во спротивно ќе игра во у23 тимот.