Нема повеќе дилеми: Зидан ја откри иднината на Бејл!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанските медиуми постојано го поврзуваа Герет Бејл со заминување од Реал Мадрид, зашто тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан не сакал да смета на него, но очигледно нешто се сменило во клубот од Мадрид.

Бејл вчера играше против Селта, па беше асистент на првиот гол на Карим Бензема, а исто така со неговиот настап покажа дека може многу да им помогне на „кралевите“ во новата сезона.

Зидан очигледно немаше многу избор и поради повредата на Еден Азар, па јасно порача дека репрезентативецот на Велс ќе остане во Мадрид.

„Бејл ќе остане во клубот и тоа е позитивна работа. Повредата на Азар не е добра, но тоа не ги промени воопшто плановите за Бејл, кои ги имавме уште на самиот почеток“, кажа Зидан.