Иско се подготвува за збогување со Реал Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот интернационалец, Иско, дефинитивно ќе си замине од редовите на Реал Мадрид, и тоа можеби во зимскиот преоден рок.

Иско воопшто не добива шанса кај Зинедин Зидан и во потрага по поголема минутажа ќе ја промени средината, но се уште не е познато дали тоа ќе се случи во јануари или на лето.

За шпанскиот фудбалер постои интерес од неколку гиганти меѓу кои и Јувентус и Манчестер Сити, а се верува дека за него ќе почне да се распрашува и Манчестер Јунајтед.