Мората му донесе важен триумф на Атлетико, Динамо освои бод во Шахтјор (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Атлетико Мадрид во третото коло од групата Д во Лигата на шампиони играше против Баер Леверкузен и славеше минимално со 1-0.

Гостите можеа да ги шокираат домаќините уште во 10. минута кога Џулијан Баумгертлингер се најде во одлична шанса, но шутна над голот.

Првото полувреме помина во доминација на Леверкузен, кој напаѓаше многу повеќе, но на полувреме заминаа екипите со 0-0.

Атлетико во 78. минута беше во напад, а Ренан Лоди испрати центар шут, кој во гол го претвори Алваро Мората, по што Леверкузен се обидуваше да стигне до бод, но не му успеа.

Динамо Загреб одигра одличен меч во Шахтјор, па може да жали затоа што не ги освои трите бода, откако најпрво губеше со 1-0, па поведе со 2-1, но на крајот домаќините извлекоа бод, откако ги поставија конечните 2-2.