Реал Мадрид тргна жестоко во Истанбул: Крос го „стресе“ Галатасарај! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид игра одлично на стартот на мечот во Истанбул против Галатасарај во третото коло од групната фаза во Лигата на шампиони, па веќе води со 1-0.

„Кралевите“ создадоа дури шест шанси кон голот на Галатасарај, од кои три беа испратени во рамките на голот, а еден шут заврши во мрежата на домаќините.

Тони Крос беше стрелец на погодокот за „кралевите“, откако претходно му асистираше Еден Азар по одлична контра на фудбалерите на Реал Мадрид.

Реал Мадрид до овој меч имаше освоено само еден бод, откако загуби од ПСЖ, а одигра реми против Клуб Бриж, но ова е знак дека тие ќе го нападнат второто место во групата.