Фелипе: Се уште можеме да бидеме шампиони


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шкендија после неколку натпревари конечно прикажа солидна игра и го совлада Силекс со 3:0.

Во овој натпревар својот првенец во дресот на Шкендија го постигна и Хуан Фелипе кој направи трансфер од Вардар во Шкендија.

Фелипе во изјава за официјалната на страна на клубот од Тетово потенцираше дека според него Шкендија може да стигне до титулата иако заостанува веќе 10 бода зад Академија Пандев и Вардар.

„Мило ми е што постигнав гол, но поважно е што освоивме три бода. Потребно е да фатиме континуитет. Победата беше важна затоа што имавме слаби резултати. Во тимот сите играчи и понатаму веруваат дека можеме да станеме шампиони, продолжуваме и се надеваме дека со победничко темпо ќе стигнеме до нашата цел. Нашиот фокус сега е на Македонија Ѓ.П, сакаме три бода и од овој натпревар“, изјави Фелипе за официјалниот сајт на клубот од Тетово.

Фото: КФ Шкендија