Челси се надева дека судот ќе им ја укине суспензијата: Лампард има подготвени јануарски засилувања


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на Челси упатија уште една жалба на одлуката на ФИФА за забрана за трансфери и можно е истата да биде укината на 20 ноеврми.

Доколку тоа се случи Френк Лампард има подготвено неколку засилувања кои би требало дополнително да го кренат нивото на клубот.

Младиот стратег би имал 150 милиони евра за трошење, а фудбалерите кои се поврзуваат со Челси се Муса Дембеле од Лион, Вилфред Заха од Кристал Палас и Џејдон Санчо од Борусија Дортмунд.

Можно е Челси да се обиде да го врати Натан Аке од Борнмут, а се поврзуваат и со ангажман на Бен Чилвел од Лестер.