Уште една утка на „ѓаволите“: Го продадоа за 20 милиони, а сега го купуваат за трипати повеќе?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер јунајтед нема среќа со трансфери во последните години, па поради тоа немаат ниту подобри резултати. Едно од промашувањата на управата беше Мемфис Депај, кој беше продаден во Лион за околу 20 милиони евра.

Сепак, „ѓаволите“ во договорот додале клаузула за можен откуп на фудбалерот. Депај се врати на вистински пат и игра фантастично сезонава, а до крајот на договорот со Лион му остана уште година ипол.

Но, на Јунајтед не му се чека, а цената е дури 60 милиони евра и „ѓаволите“ се подготвени да ја платат таа сума за да го вратат одличниот фудбалер на „Олд Трафорд“.

Англискиот премиерлигаш освен за Депај се заинтересирани и за уште еден фудбалер на Лион, а тоа е Муса Дембеле, кој сака да се врати на Островот.