Халанд се пошегува за својата трансфер цена


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ерлинг Халанд во интервју за „Скај Спортс Австрија“ се пошегува за својата трансфер цена која во моментов стигнува и до 100 милиони евра.

За младиот напаѓач постои сериозен интерес од тимови како Манчестер Јунајтед, Манчестер Сити, Јувентус и Наполи, а играчот е свесен дека неговата цена по феноменалните партии во Лигата на шампионите скокна вртоглаво многу.

Запрашан од новинар, дали може да го купи за 30-40 милиони евра Халанд низ шега му одговори:

„Не. Треба да платиш повеќе. Но само ти. Ќе ти дадам специјална цена за 60 милини“ –се пошегува Халанд јасно алудирајќи дека смета дека вреди повеќе до 30 милиони евра.