Роналдо му се „закани“ на легендарниот Иранец: Ќе го урнам и тој рекорд!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијано Роналдо синоќа против Луксембург (2-0) постигна погодок, кој беше вкупно 99 за него во националниот тим.

Роналдо е блиску да урне рекорд на иранската легенда Али Даеи, кој постигна 109 погодоци.

Меѓутоа, Роналдо би можел да го надмине затоа што во 2019 година запиша 14 погодоци и сега е на само десет гола од Иранецот.

„Сите рекорди мора да бидат урнати, па јас ќе го урнам и тој. Не бев подготвен против Луксембург. Во последните три недели играв многу помалку од вообичаено, но гордо се жртвувам за клубот и репрезентацијата“, порача Роналдо.

Португалија со победата против Луксембург обезбеди пласман на Европското првенство во 2020 година.