Агентот на Гвардиола откри што ќе се случи со иднината на искусниот тренер


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Пеп Гвардиола во претходните недели го поврзуваа со преселба во Баерн Минхен, но очигледно тој е среќен во Манчестер сити и планира да остане таму до крајот на договорот.

Агентот на Гвардиола, Жозе Марија Оробит порача дека Гвардиола ќе остане во Манчестер и покрај тоа што го поврзуваат со Баерн Минхен, кој го отпушти Нико Ковач.

Се шпекулираше дека искусниот стратег може да седне на кормилото на клубот од Минхен, но такво нешто нема да се случи.

„Зборував со Пеп во средата и тој ми кажа дека е среќен и дека се чувствува добро во Манчестер сити и планира да остане тука до крајот на договорот, односно 30 јуни 2021 година“, порача претставникот на Гвардиола.