Стигна одговор од Хамарби: Што му е планот на Ибрахимовиќ?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ пред неколку часа објави видео на Инстаграм на кое може да се забележи дека го претставува дресот на шведскиот прволигаш Хамарби, а на него е испишано и презимето на напаѓачот.

Многумина помислија дека Ибрахимовиќ ќе потпише за шведскиот тим, но засега нема таква потврда од Шведска, а се огласи и портпаролот на клубот, Аксел Персаген.

„Ибрахимовиќ во моментов нема потпишано договор со нас и немам што да кажам. Ако стане наш фудбалер, т.е. ако потпише договор, ќе објавиме на офицјиалната страна. Кога станува збор за засилување, тоа треба да разговарате со одговорните лица“, порача Аксел.

Засега нема повеќе информации, но се очекува во текот на денот да се разјасни потегот на Швеѓанецот.