Откриено ќе ја освои „Златната топка“: Роналдо го нема меѓу трите најдобри (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Утре ќе биде прогласен освојувачот на „Златната топка“, а според фотографијата која се појави на интернет, може да се заклучи дека Лионел Меси ќе ја добие наградата.

Меси е победник со 446 бодови пред Вирџил Ван Дајк, кој има 382, а трето место е Мохамед Салах со 179. Четвртата позиција е резервирана за Кристијано Роналдо со 133 бодови и наводно Португалецот порачал дека утре ќе ја бојкотира церемонијата. По нив следат Садио Мане, Алисон Бекер, Килијан Мбапе, Френки де Јонг, Матијас де Лихт и Еден Азар.

Тоа, наводно, ќе биде конечниот избор, но останува да видиме дали утре на церемонијата ќе биде потврдена листата, која денеска се појави на интернет.