Познато кога Челси ќе дознае дали ќе може да ангажира нови играчи во јануари


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од таборот на Челси уважија жалба на одлуката да им биде врачена забрана за регистрирање играчи од два преодни рока и очекуваат дека истата ќе биде намалена и дека во јануари ќе може да носат нови засилувања.

„Лондон Ивнинг Стандард“ пишува дека одлуката треба да биде донесена во текот на денешниот ден, најдоцна до утре.

Ако биде дозволено Челси да купува играчи во јануари, се очекува вистински трансфер атак во зимскиот преоден рок во кој „сините“ веќе имаат пикирано неколку одлични засилувања.