Скандал за време на натпреварот на „Етихад“, со официјално соопштение се огласија од Манчестер Сити


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


На денешниот натпревар помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед се случи и еден инцидент.

Имено, кон средината на второто полувреме фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Фред беше погоден со предмети додека го изведуваше корнерот, а истиот играч беше мета и на расистички напади од трибините.

Со официјално соопштение се огласија и од Манчестер Сити од каде осудија секаков вид на вакво однесување.

„Манчестер Сити е свесен за видеото кое кружи на социјалните мрежи од фан кој изведува расистички гестикулации во второто полувреме на средбата против Манчестер Јунајтед. Официјалните лица на клубот ќе соработуваат со полицијата во Манчестер за да се идентификуваат индивидуалците кои загрижија со своето однесување“ –стоеше во соопштението од Сити.