Откриени намерите на Бејл – сите се разочараа!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Герет Бејл на зима би можел да го напушти Реал Мадрид, зашто неговата плата е голем проблем за клубот, кој мора да ги намали трошоците за да не го прекрши Финансискиот фер-плеј.

Негова желба е да се пресели во Кина или Америка. Минатото лето му пропадна трансферот во Кина, но Реал сега ќе мора да го продаде затоа што нема многу избор.

Една од опциите на Бејл е преселба и во Интер Мајами на Дејвид Бекам, но таа понуда сигурно нема да биде примамлива како милионите од Кина.

Од друга страна, во Мајами би можел да го земе и своето семејство, додека во случај на заминување во Кина, неговото семејство би останало во Кардиф.