Милан во јануари купува стопер од Барселона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Неколку медиуми во Италија и Шпанија пренесуваат дека од таборот на Милан веќе стапиле во контакт со Барселона за играчот од одбраната, Жан Клер Тодибо.

Имено, Милан сака да се засили во последниот ред пред Џиџи Донарума по повредата на Лео Дуарте и слабото заздравување од повредата на Матија Калдара.

Неколку трансфер цели се идентификувани, а најголеми шанси да пристигне на „Сан Сиро“ има токму фудбалерот на Барселона.

Интересно е тоа што Тодибо доби неверојатна откупна клаузула во договорот соБарселона од 150 милиони евра, кога потпиша со овој клуб пред една година по неговиот трансфер од Тулуз.

Сепак, Тодибо би пристигнал во Милан за далеку, далеку помала сума од неговата откупна клаузула. Милан би можел да го добие Тодибо за осум милиони евра плус да вклучи опција за повторен откуп на неговиот договор од страна на каталонскиот клуб.