Артета носи големо засилување од Манчестер Сити, за тоа е контактиран и Гвардиола

Микел Артета пред неколку недели го превзема тренерското место во Арсенал и се чини дека доаѓаат подобри денови за Топџиите.

Навивачите на лондонскиот клуб се задоволни како се одвиваат работите по доаѓањето на Артета иако е јасно дека може многу подобро. Но, Арсенал има потреба од засилувања доколку сака да избори пласман во Европа наредната година.

Пред се тоа се однесува на одбраната која е најслаба точка на Топџиите. Арсенал на мета ги има неколку играчи, а Сан пренесува дека Артета ги превзел работите во свои раце.

Артета пред доаѓањето во Арсенал работеше како помошник во Манчестер Сити на Пеп Гвардиола и се чини дека е спремен да ги искористи шансите од добриот однос со него. Не е изненадување што Артета сака да донесе засилување токму од Сити.

На мета е Џон Стонс кој оваа сезона не игра во Сити. Стонс сака да игра на Европско првенство со Англија и поради тоа е спремен да замине во Арсенал за да има поголема минутажа.

Англиските медиуми пишуваат дека Артета веќе го контактирал Гвардиола и го прашал дали може да го пушти Стонс, а се чини дека шпанскиот стратег ќе му излезе во пресрет. Сега останува само клубовите да ги договорат деталите дали тоа ќе биде позајмица или трансфер.

Стонс оваа година во Премиер лигата има одиграно само десет натпревари, односно 789 минути и сигурно не е задоволен што предност пред него има Фернандињо кој инаку е играч за врска.