Колку ќе заработи МекГрегор од наредниот меч?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ирската ММА ѕвезда Конор МекГрегор во сабота по година и пол дена повторно ќе влезе во октагонот.

Најголемата УФЦ ѕвезда севраќа во борбите против Доналд Цероне, а како и порано многу се зборува за парите кои Ирецот ќе ги заработи во овој меч.

Самиот МекГрегор тврди дека заработката ќе биде околу 80 милиони долари. Така веројатно ќе биде, но големиот дел од парите ќе пристигнат од спонзори.

УФЦ за настапот на Конор ќе исплати пет милиони долари. Остатокот од парите овој 31 годишен борец ќе ги заработи од големите спонзорски договори и реклами.

Конор најави дека во идниот период ќе разгледа и нови боксерски мечеви. Најави дека повторно може да се бори против Флојд Мејведер, а во опција е и борба против Мани Пакјао.

Сепак, она што го посакува е реванш против Кабиб Нурмагомедов, но за сега нема да добие.