Гатузо имаше само пофални зборови за Елмас: Ни помогна кога не ни одеше најдобро!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо имаше само пофални зборови за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој влезе како замена во триумфот против Лацио во италијанскиот Куп.

Елмас не добива доволно голема минутажа кај новиот тренер на Наполи, па синоќа конечно заигра со соиграчите откако влезе на теренот во 67. минута.

„Честитки до Елмас кој го замени Калјехон. Елиф внесе дух на теренот кога не ни одеше најдобро и ни помогна да победиме“, порача Гатузо.

Македонскиот репрезентативец докажа уште еднаш дека треба да добива поголема минутажа, па останува да видиме дали Гатузо конечно ќе реши да му ја даде својата доверба.