Јувентус и ПСЖ се блиску до договор за размена на играчи


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека Јувентус и ПСЖ ќе соработуваат во последните денови од јануарскиот преоден рок.

Имено подготвена е трампа на играчите Лајвин Курзава и Матија Де Шиљо. И двајцата не се во прв план во своите тимови, па за очекување е да ја променат средината до крајот на зимскиот преоден рок.

За Курзава имаше интерес од Арсенал, меѓутоа се чини дека тој кариерата ќе ја продолжи во редовите на италијанскиот шампион.

Де Шиљо пак по пристигнувањето на Сари нема голема минутажа и оваа година има одиграно само девет натпревари во Јувентус.