Борусија Дортмунд го „здроби“ Ајнтрахт, Халанд не престанува да погодува (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Борусија Дортмунд славеше убедлива победа од 4:0 пред својата публика против секогаш незгодниот Ајнтрахт Франкфурт.

„Милионерите“ го истурија сиот бес врз Ајнтрахт по поразот од Баер Леверкузен во претходното коло.

Борусија поведе со голот на Лукас Пишчек во 33.минута и тоа беше единствен погодок во порвиот дел.

Во вториот дел следеше уште подобра игра на Борусија која преку Џејдон Санчо, Ерлинг Халанд и Гереро до врв ја наполни мрежата на Ајнтрахт Франкфурт.