Четири гола на „Местаља“ во возбудлив натпревар меѓу Валенсија и Атлетико Мадрид


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Валенсија и Атлетико Мадрид со натпревар на „Местаља“ го отворија 24. коло од шпанската Ла Лига.

Натпреварот кој изобилуваше со доста возбудливи моменти на крај заврши без победник со конечен резултат, 2:2.

Маркос Љоренте уште во 15. минута донесе радост за гостинскиот тим од Мадрид, а на пет минути до крајот на полувремето, Габриел го изедначи резултатот. Сепак во 43 .минута, Томас постигна погодок за Атлетико со кој го врати водството на гостинскиот тим.

Конечниот резултат го постави Џофри Кондогбија во 59. минута од натпреварот.