Кој е човекот кој го урна Сити? Уште е зад решетки, му ја одбија жалбата…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


УЕФА го исфрли Манчестер сити од Лигата на шампиони на две години, а притоа англискиот гигант мора да плати казна од 30 милиони евра. Клубот е санкциониран затоа што ги лажирал своите извештаи за парите од спонзорите, а таа афера беше откриена во 2018 година, кога германски „Дер Шпигл“ ги објави деталите.

Изворот на овие информации бил хакерот Руи Пинто од Португалија, кој завршил зад решетки поради истрага која го осомничи за дури 147 казнени дела, но на Суд ќе се соочи само со 90 обвиненија захакирање и измама.

Жалбата на Пинто во четвртокот беше отфрлена, а тој во затвор е речиси една година. Фановите на социјалните мрежи му испратија пораки со поддршка на хакерот затоа што откри многу криминали.