Проблеми за Македонија: Се повреди – Горан Пандев!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец и капитен Горан Пандев одигра само 13 минути за Џенова против Болоња (2-0), откако се повреди и мораше порано да го напушти теренот.

Италијанските медиуми објавија дека Пандев има проблеми со коленото, во кое добил незгоден удар уште во првите минути од дуелот, по што морал да биде заменет.

Пандев треба да оди на дополнителни медицински прегледи, по што ќе биде познато колку време ќе паузира македонскиот фудбалер, а оваа вест доаѓа во лош период за Македонија, која за речиси месец ипол ќе се пресмета против Косово.