Официјално – Реал доведе засилување од руски клуб


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Реал Мадрид го претстави новото засилување за следната сезона.

Изненадувачки е што Ентони Рендолф не замина во НБА после фантастичната мината сезона.

Борбениот кошаркар сепак ќе остане на стариот континент, а следната сезона ќе игра во еден од најголемите клубови во Европа.

Реал Мадрид е новиот дом на Ентони Рендолф.

Тој доаѓа како замена за Треј Томпкинс кој најверојатно кариерата ќе ја продолжи во Ефес.

Беше еден од најзаслужните што Локомотив Кубан се пласира на фајнал фор.