Нианг ја одби понудата од Спартак Москва


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

 

Напаѓачот на Милан, Мбаје Нианг ја одбил понудата на Спартак Москва, а со тоа и пропаднаа договорените медицински прегледи кои требаше да ги помине играчот утре, но италијанските медиуми тврдат дека иако Нијанг ги одбил Русите, тој нема да остане во Милан.

Скај Спорт италија пренесува дека фудбалерот ја одбил понудата на Спартак, бидејќи за него олем интерес пројавува тимот на Торино.

Иако се беше договорено и рускиот тим требаше да му плати на Милан 18 милиони евра, за играчот, но тој го известил раководството на Милан дека нема да се појави на медицинските прегледи кои требаше да бидат утре.

Голем е интересот на поранешниот тренер на Милан, Синиша Михајлович да го донесе играчот во Торино кој на Милан му нуди 12 милиони евра.