Реал минимално против Алавеш


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Реал Мадрид потешко од очекувањата славеше победа на натпреварот против Алавеш.

Зинедин Зидан воведе некои новини во составот во однос на натпреварот против Бетис кој Реал го загуби со 1:0 и тоа се покажа како успешна комбинација.

Јунак на „Кралевите“ беше младиот играч Дани Себаљос кој ги постигна двата гола за гостинскиот тим. Најпрво во 10. минута играчот кој беше прогласен за најдобар на неодамнешното Европско првенство за млади играчи го отвори резултатот со одличен погодок од околу 20 метри.

Сепак, домаќините стигнаа до израмнување на резултатот на пет минути до крајот на полувремето преку  Ману Гарсија. За жал на домаќините нивната радост не траеше долго затоа што Себаљос со својот втор погодок во 43. минута ја врати предноста за „Кралскиот клуб“.

На крајот тоа се испостави и како конечен резултат на средбата.

Резултати:

Атлетико Мадрид- Севиља 2:0

Алавеш- Реал Мадрид 1:2

Малага- Атлетик Билбао 3:3