Се крчка отказ за Билиќ, катастрофален пораз на Вест Хем


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалерите на Вест Хем претрпеа тежок пораз од Брајтон во премиерниот натпревар од 9. коло од Премиер Лигата.

Избраниците на Славен Билиќ по петти пат оваа сезона забележаа пораз, а клупата на хрватскиот стратег се повеќе се тресе и веројатно Билиќ нема уште долго да биде предводник на „Чеканите“.

Гостинскиот тим во водство дојде во 10. минута преку Глен Мареј. Во последните минути од првиот дел прекрасен погодок постигна Изикердо.

Сите дилеми ги реши Мареј со неговиот втор погодок во 75. минута кога го совлада Харт од 11 метри.