Сити ќе ризикува со Алексис Санчез


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Манчестер Сити е подготвен да ризикува и да чека до на лето за да го обезбеди трансферот на Алексис Санчез од Арсенал.

„Граѓаните“ не сакаат да платат повеќе од 20 милиони фунти за услугите на Чилеанецот, но се соочуваат со конкуренција во нивниот градски ривал кој е подготвен да плати 25 милиони фунти плус во понудата да го вклучи Хенрик Микитаријан.

Манчестер Сити како причина плус за чекањето до на лето го гледа и фактот што не сака да ја руши самодовербата на играчите кои играат фантастично во овој период.

Санчез очајнички посакува да си замине од Арсенал и по последните најави по се изгледа ќе се пресели на „Олд Трафорд“.