Петковски нов играч на Работнички


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Талентираниот офанзивен фудбалер, Петар Петковски од денес и официјално е нов фудбалер на скопски Работнички.

Брзоногиот фудбалер со „Романтичарите“ стави потпис на договор со времетраење од 18 месеци и веднаш ќе му се стави на располагање на стратегот на Работнички, Горан Станковски.

Спортскиот директор на клубот, Иван Поповски истакна дека со ангажманот на Петковски продолжува стратегијата на клубот за ангажман на талентирани фудбалери.

„Постигнавме договор за ангажман на Петар Петковски, кој е младински репрезентативец на Македонија. Тој во наредните 18 месеци ќе го носи дресот на Работнички. Со ова ја продолжуваме нашата долгогодишна стратегија за ангажман на млади и талентирани фудбалери од нашата земја, која досега ни носеше многу успеси“- истакна Поповски.

Се шпекулираше дека Петковски ќе заврши во редовите на Академија Пандев или Скопје, но во последен момент пристигна понудата од Работнички која најмногу го привлече младинскиот репрезентативец.