Челси обезбеди две нови засилувања (ФОТО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува „Скај Спортс“ Челси е многу блиску до договор со Рома за Един Џеко и Емерсон Палмиери.

Медиумот пишува дека преговорите се во напредна фаза и се очекува набрзо да се постигне и финален договор. Двата клуба брзо дошле до договор околу цената која Челси треба да ја плати за двата играчи. Рома бара 45 милиони фунти, сума која „сините“ веднаш се согласиле да ја платат.

Палмиери веќе ги договори личните услови со клубот од Лондон, а веројатно тоа го стори и Џеко од кого излегоа фотографии кои прикажуваат дека фудбалерот е подготвен за патот за Лондон. Италијанските новинари утрово успеаја да го „уловат“ Босанецот и да го снимат како става куфери во автомобилот.