Гвардиола има генијална идеја, ќе го „трејдува“ кун Агуеро?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Идејата е одлична, само нема да му се допадне на поранешниот клуб. Но ова е навистина примамлива понуда.

Медиумите пишуваат дека Манчестер Сити е подготвен во лето да направи голема размена.

Станува збор за трансфер на Агуеро во Атлетико Мадрид, а од таму да го донесат Антоан Гризман.

Агуеро се „засити“ од Англија, а го сака Мадрид, па би се вратил во клубот каде што остана идол и ќе ја игра својата последна европска епизода, пред да се врати во татковината.

Прашање е само колку би го проценил Гвардиола, затоа што Гризман има клаузула од 100 милиони евра.

Повеќе информации се очекуваат овие денови, Сити ќе го донесе Лапорт, но и Фред, а за тие два трансфери би можеле да потрошат околу 120 милиони евра.