Барселона и Гремио постигнаа договор за Артур


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Како што пренесува каталонскиот весник „Спорт“, Барселона и Гремио постигнале договор за трансфер на играчот од средниот ред Артур.

Претставници на двата клуба се сретнале вчера (понеделник) во Бразил каде се договориле за висината на оштетата за младиот и талентиран бразилски фудбалер.

Барселона презентирала понуда од 30 милиони евра плус дополнителни десет милиони изразени во бонуси, а откупната клаузула на 21 годишниот Артур изнесува 50 милиони евра.

Артур пред извесен период беше фотографиран во дрес од Барселона, а тоа уште повеќе ги подгреа шпекулациите дека негова следна дестинација ќе биде „Камп Ноу“.