Алиоски од клупата го гледаше поразот на Лидс


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лидс Јунајтед никако да почне да победува и од натпревар во натпревар бележи се полоши резултати.

Денес избраниците на Пол Хекингботом одиграа уште еден лош  натпревар и очекувано претрпеа пораз на домашен терен од Вулверхемптон со 3:0.

Со оваа победа „волците“ се зацврстија на челната позиција на табелата додека пак Лидс е се подалеку од местата кои водат во разигрувањето за Премиер Лигата.

Езџан Алиоски целиот натпревар го помина на клупата за резервни фудбалери, а фановите повторно преку Твитер побараа објаснување од тренерот зошто нашиот репрезентативец бил седнат на клупата.