Дукуре веројатно ќе си замине од Вотфорд по интересот на Ливерпул и Арсенал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на Вотфорд, Хави Гарсија призна дека не е сигурен дали Абдулаје Дукуре ќе остане во клубот и по крајот на сезоната.

Одличниот играч од средниот ред кој има договор со Вотфорд до 2020 година беше поврзуван речиси со сите топ 6 клубови од Англија, а најзаинтересирани за него се Арсенал и Ливерпул.

„Мислам дека тој е многу среќен во тимот опкружен со навивачите. Сепак, не знам што ќе се случи во иднина. Дали ќе остане подолг период со нас, навистина не знам“ –коментираше Гарсија.

Дукуре во Вотфорд пристигна од Рен, а оваа година игра фудбал на највисоко ниво, а тоа ги привлече големите тимови.