Вардар и со прв состав помина лошо против Скопје


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Актуелниот шампион на Македонија, Вардар одигра уште еден натпревар под своите очекувања, и сега во полн состав не успеа да го совлада последнопласираниот тим на Скопје.

Вардарци во Автокоманда имаа повеќе од играта, но тоа беше залудно затоа што не успеаја ниту еднаш да го најдат патот до мрежата на домашниот тим.

Без победник завршија и преостанатите два натпревари кои беа денес на програмата. Победа и Академија Пандев без голови ремизираа во Охрид, додека пак Силекс и Шкупи ги поделија бодовите играјќи 1:1.