Манчестер Јунајтед го продолжи договорот со Маркос Рохо


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од редовите на Манчестер Јунајтед потврдија дека нивниот фудбалер Маркос Рохо го продолжил договорот со клубот.

Аргентинецот со новиот договор се обврзува на верност со клубот од „Олд Трафорд“ до 2021 година со можности истиот да биде продолжен на дополнителна една сезона.

27 годишниот дефанзивец во Манчестер Јунајтед пристигна во август, 2014 година и со „црвените ѓаволи“ освои еден Фа Куп, еден Лига Куп, еден Комјунити шилд трофеј и една титула во Лигата на Европа.