Бомба од Минхен, пронајдена замената за Левандовски


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Се поизвесно е дека Роберт Левандовски ќе си замине од редовите на Баерн Минхен и кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

Од таборот на Баварците веќе се во потрага по негова замена, а изборот паднал на напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн.

„Марка“ пишува дека од Баерн Минхен се подготвени да платат дури 200 милиони евра за неговите услуги, што е малку веројатно, барем кога во прашање е трансфер политиката на клубот.

Покрај Кејн, во Минхен би требало да пристигне и актуелниот тренер на Тотенхем, Маурисио Покетино како замена за Јуп Хејнкес.