Елнени доби нов договор од Арсенал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Играчот од средниот ред на Арсенал, Мохамед Елнени го продолжи договорот со тимот од „Емирати“.

25 годишниот фудбалер потпиша долгогодишен договор со тимот на Арсенал во кој пристигна во 2016 година од редовите на Базел.

Елнени кариерата ја започна во Ел Мокавлон, тим од Египет од каде се пресели во Базел во 2013 година.

Фудбалерот е актуелен член на репрезентацијата на Египет и со неа ќе настапи на Светското првенство во Русија ова лето.