Алисон прв избор на Реал Мадрид, позната судбината и на Навас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голманот на Рома, Алисон Бекер ќе биде примарна трансфер цел на Реал Мадрид во летниот преоден рок.

„Кралевите“ се откажале од намерите во своите редови да ги донесат Давид де Геа и Тибо Куртоа и ќе се насочат кон голманот кој импресионира оваа сезона во дресот на Рома, а ќе го видиме и како прв чувар на мрежата на Бразил на претстојниот Мундијал.

И голманот на Хајдук, Карло Летица речиси сигурно ќе пристигне на „Сантијаго Бернабе“ ова лето со што еден од актуелните голмани на Реал ќе мора да си замине.

Сепак, медиумите шпекулираат дека тоа нема да биде Навас кој одлучил да остане во клубот и да се бори за место меѓу стативите дури и од Реал да донесат двајца нови голмани.