Иско „удри“ по Зидан


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Откако постигна хет-трик за Шпанија на натпреварот против Аргентина (6:1), Иско го нападна Зидан поради недоволната минутажа во Реал Мадрид.

Запрашан за играњето под Жулен Лопетеги, Иско истакна: „Тој има доверба во мене со бројот на минути кои ми ги дава на теренот.

Во Реал Мадрид немам таков тип на доверба, која му е многу потребна на еден фудбалер. Можеби проблемот е до мене или со фактот што околу мене има многу добри фудбалери. Секако, сакам да му покажам на Зидан дека може да смета на мене.“

Иско оваа сезона за Реал Мадрид започна само 18 натпревари од вкупно 29 во Ла Лига, а сите 90 минути ги одиграл само во четири наврати.