Салах уште еднаш спасител на Ливерпул


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Ливерпул славеше тешка но заслужна победа на гостувањето на „Селхрст Парк“ кај Кристал Палас.

Домашниот тим прв стигна до водство со голот на Лука Миливојвиќ од пенал во 13. минута. Претходно Кариус стартуваше врз Вилфред Заха во својот шеснаесетник по што Сворбик покажа на белата точка.

Резултатот го изедначи Садио Мане во 49. минута, а конечниот резултат го постави најдобриот играч на Ливерпул оваа сезона Мохамед Салах во 84. минута од средбата.