Ливерпул му одржа лекција на Сити како никој друг до сега


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ливерпул вечерва на својот „Енфилд“ му одржа фудбалска лекција на Пеп Гвардиола и неговиот Манчестер Сити и славеше висока победа од 3:0 во првиот натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Се играше 12. минута кога Фирмино беше во шанса, но неговиот удар го одбрани Едерсон, но во продолжение следуваше грешка на Вокер по која мрежата ја затресе Мохамед Салах.

Не се чекаше многу и за вториот гол на домашниот тим. Во 21. минута Окслејд Чемберлејн од огромна далечина го совлада Кариус за 2:0. И тука не беше крај на маките за Гвардиола во првиот дел. Во 31. минута падна и трет гол во мрежата на Едерсон,  овој пат во шеснаесетникот на „граѓаните“ најдобро се снајде Сане кој со глава го матираше бразилскиот чувар на мрежата.

Во вториот дел Клоп одлично ја постави тактиката така што Манчестер Сити немаше голема можност да се закани кон Кариус.

Хендикеп за Ливерпул би можела да претставува повредата на Мо Салах кој во 52. минута ја напушти играта и на негово место влезе Вајналдум.