Колку ќе заработуваат судиите на Мундијалот во Русија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Фудбалските судии се под постојан притисок, а тоа ќе биде случај и на Мундијалот во Русија кој започнува во јуни оваа година.

На Светското првенство правда ќе делат вкупно 36 судии и 63 асистенти. Шпанскиот весник Марка пренесува дека делителите на правдата ќе бидат„дебело“ платени за тоа.

Главните судии како Феликс Брих, Чунејт Чакир, Нестор Питана.. ќе бидат платени 57. 000 евра за работа на Мундијалот, плус по дополнителни 2.000 евра за секој отсуден натпревар.

Помошниците ќе заработат 20.000 евра за учеството и плус 1.600 евра за секој отсуден натпревар.

Нема што, судиите кои ќе ја делат правдата во Русија добро ќе наплатат за својата работа.