ПСЖ започнал преговори со Куртоа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите во Франција пишуваат дека од редовите на Пари Сен Жермен започнале преговори директно со Тибо Куртоа за негов евентуален летен трансфер на „Паркот на принцовите“.

Куртоа се уште го нема продолжено договорот со Челси, а веќе неколку клубови покажале интерес за белгискиот чувар на мрежата.

Прв потег повлекол ПСЖ кој влегол во преговори со претставникот на Куртоа, а доколку постигнат договор челните лица на Французите ќе мора да ја договорат цената и со тимот на Челси.