Рома не планира да го продаде Алисон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Претседателот на Рома, кој во минатиов период беше хит на социјалните мрежи, Џејмс Палота истакна дека немаат намера да го продаваат Алисон на Реал Мадрид.

Бразилецот импресионираше оваа сезона со своите настапи во дресот на „волчицата“ и со тоа го привлече вниманието на Реал Мадрид и Ливерпул.

Сепак, Палота истакна дека клубот не планира да се раздели со Алисон во текот на летниот преоден рок.

„Не планираме да го продадеме играчот. Кога го потпишавме знаевме дека ќе биде одличен голман“- коментираше Палота.