Само седум души се сигурни во Манчестер Јунајтед за следната сезона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Медиумите во Англија пишуваат дека речиси сите играчи на Манчестер Јунајтед може да си заминат од клубот доколку за нив пристигнат вистински понуди.

Индепендент пишува дека само седум фудбалери се безбедни и дека речиси сигурно ќе го носат дресот на Црвените Ѓаволи следната сезона. Станува збор за, Давид Де Геа, Алексис Санчез, Ромелу Лукаку, Немања Матиќ, Џеси Лингард, Ешли Јанг и Хуан Мата.

Според пишувањето на споменатиот медиум останатите играчи меѓу кои е и Пол Погба може да го напуштат клубот за вистински понуди.

Сепак, малку е за верување дека толку играчи ќе си заминат во еден преоден рок, па фановите на Јунајтед во својот тим за следната сезона може да ги очекуваат и стандардните Ерера, Валенсија, Рашфорд…